КАКО ЛИНИИТЕ ВО ПРОСТОРОТ ВЛИЈААТ НА ПСИХАТА?

  • 1

Некои ентериери изобилуваат со исти линии, додека во други се прави комбинација со доминантна линија за да се постигне посакуваниот ефект. Еве како линиите се интерпретираат.

ХОРИЗОНТАЛНИ ЛИНИИ=даваат хармонија и смиреност.

Долгите хоризонтални линии го прошируваат просторот, при што собата визуелно станува поширока или поголема. Премногу хоризонтални линии прават ентериерот да делува досадно.

ВЕРТИКАЛНИ ЛИНИИ=пренесуваат стабилност, сигурност и моќ.
Со овие линии ентериерот изгледа повисок. Одлични се за во трпезарија, ходник или дневна соба. Премногу вертикални линии се вознемирувачки.
 
ДИЈАГОНАЛНИ ЛИНИИ=сугерираат движење, енергија и акција, како нешто постојано да се случува.
Со дијагоналните линии подолго се задржува вниманието на луѓето, со оглед на тоа што го раздвижуваат умот и окото. Меѓутоа од друга страна тие и замараат

"ДИЈАГОНАЛНИ ЛИНИИ СУГЕРИРААТ ДВИЖЕЊЕ, ЕНЕРГИЈА, ПОСТОЈАНИ ЗБИДНУВАЊА"

ЦИК-ЦАК ЛИНИИ=доколку правилно се распоредат визуелно споделуваат енергија, живот и возбуда во просторот. Премногу цик-цак линии се вознемирувачки.

ИСКРИВЕНИ И КРУЖНИ ЛИНИИ=наведуваат на ослободување,смиреност и баланс. Премногу кружни линии пак, делуваат женствено.

СТРУЈНИ ЛИНИИ=или линии кои како да течат, се движат некаде. Овие линии се интересни за луѓето затоа што не сме сигурни каде завршуваат.

Кои линии би ги избрале Вие за Вашиот ентериер?

Compare listings

Compare