ФАНТАСТИЧНИ КУЈНИ КОИ ЌЕ ГИ ПОСАКАТЕ ЗА ВО ВАШИОТ ДОМ

  • 1

Функционалност и стил – што друго Ви треба? Ако постои една соба во Вашата куќа која мора да биде апсолутно функционална, тоа е секако кујната. Покрај тоа, доколку таа е и модерна, уште повеќе ќе уживате во готвењето. Ви треба доказ? Овие кујни ќе Ве уверат во тоа.

Обновете ја старата кујна со нов бел мермерен кујнски остров, месингени елементи и прекрасен сив дрвен под. Променете го распоредот на елементите и обојте ги во светла боја. Ставете нов маслинесто зелен кауч во кујната и уживајте во современоста. За кујната да изгледа уште два пати поголема отколку што е, потребен е само бел дизајн: бел мермерен кујнски остров и плочки кои ги комплетираат сребрените додатоци.

Здодевните кујнски елементи од светло дрво заменете ги со отворени полици, а фиоките исфарбајте ги во тиркизна сина боја која се совпаѓа со прекрасната колекција на садови и чинии. Со рушење на ѕидови и бојадисување во бело, малата нефункционална кујна е минато.

"ЗА МОДЕРЕН ИЗГЛЕД ПОПЛОЧЕТЕ ГО ТАВАНОТ!"

Поедноставете ги неоригиналните темни дрвени елементи со тоа што ќе ги обоите во светло кафеава кремаста боја. За уште помодерен изглед, таванот направете го со плочки. За поголема компактност во кујната, потребен е модерен кујнски остров и замена на различните шари во еден едноставен дизајн.

Потребна е само мала промена за црно-белата комбинација да не е здодевна: ментол зелена боја, нови светли кујнски елементи и додатоци кои ќе ја разубават Вашата кујна. Се уверивте?

Compare listings

Compare