Благодарение на проветрувањето на просторот меѓу ќерамидите и обшивката од даски, акумулираната влага се одведува надвор од куќата, па нејзините жители можат да уживаат како во лето, така и во текот на зимата, на оптимална микроклима.
Како природен градежен материјал, керамичките ќерамиди помагаат за дополнително регулирање на температурата и се особено отпорни и цврсти.
Така, дури паѓањето на град во летните бури нема да му наштети на покривот.
Дури и силната есенска бура не може да го размести, бидејќи ќерамидите на косиот покрив се доволно добро фиксирани, па нема да бидат подигнати.