ВЛИЈАНИЕТО НА ИЗОЛАЦИОНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ВО ШИРЕЊЕ ПОЖАР

  • 1

При изградба на објектот за домување, луѓето најчесто не придаваат важност на значењетo на изолацијата. Изолационите материјали кои масовно се употребуваат најчесто се запаливи, па така шансите за поголема штета во случај на пожар се поголеми.

Иако многумина сметаат дека фасадата има мало влијание врз ширење пожар во зградите, оганот сепак најбргу се шири во зависност од материјалите со кои истата е изработена. Доколку фасадата е составена од запаливи материјали, најлошото сценарио е неизбежно. Поставувањето на квалитетни, незапаливи изолациони материјали дополнително ја обезбедува сигурноста од пожар во становите или куќите.

Согласно статистиките, пожарите не се карактеристични појави само во зима туку и во летниот период. Поради високите температури надвор, пожарот полесно и побрзо се шири во околината. Затоа мора да се делува превентивно, како би се избегнале човечките жртви и големите материјални штети. Тоа што делува како заштеда во моментот, може да има катастрофални последици.

"КАМЕНА И СТАКЛЕНА ВОЛНА-СПРЕЧУВААТ ШИРЕЊЕ ПОЖАР"

Доколку се појави пожар, ширењето на истиот може да се спречи доколку на фасадата се вградени појаси на незапаливи материјали за изолација како стаклена или камена волна. Поради нивната влакнеста структура и висока точка на топење, камената и стаклената минерална волна ја штитат градбата од уривање во случај на пожар и овозможува сигурна евакуација на лицата од објектот.

Камената и стаклената волна не развиваат пламен(највисока класа на незапаливост-А1), го спречуваат ширењето на пожарот и не емитуваат штетни гасови кои се причина за смрт во голем процент од целокупните случаи.

Compare listings

Compare