КАКО СЕ ИЗОЛИРА КОНТАКТНА ФАСАДА СО КАМЕНА МИНЕРАЛНА ВОЛНА?

  • 1

Зошто топлинска изолација?
Да се ​​изолира поткровјето во коe живеете е најефикасното решение за зголемување на вашата енергетска ефикасност.

Поставувањето на топлинска изолација на покровното место за живеење има голем број на предности како за трошоците, така и за удобноста на живеење:
● Пониски сметки за греење и ладење

● Потопло поткровје во зима и поладно во лето

● Повеќе тишина дома

Како се губи топлината …

Загубите на топлина преку надворешните ѕидови на зградата сочинуваат до 40% од вкупните загуби на топлина во неизолирана зграда. Поради оваа причина, поставувањето на топлинска изолација на надворешните ѕидови е секогаш првиот чекор во подобрувањето на неговата енергетска ефикасност.
Топлинска изолација на фасадата со изолација од камена минарална волна Knauf Insulation:

Предности:



Камената минерална волна е природен топлински изолациски материјал. Изградена е од камења од вулканско потекло – доломит и дијабаза. Потеклото на материјалите и постојаната и прецизна контрола во текот на производството гарантираат одличнен квалитет, трајност и зачувување на својствата во времето во системот на контактната фасада. Подобрувањето низ годините на изолационите (FKD-N Thermal со λ = 0,034 W / mK) и механичките карактеристики на камената волна на Knauf Insulation и припишуваат првенство за квалитетен фасаден изолациски производ.

Дополнителни својства на камената волна:

● Заштита од пожар – Камената волна е материјал со највисока класа по реакција на пожар – А1. Може да издржи над 1000 ° C пред да започне да се топи.

● Звучна удобност – Филаментовата структура на минералната волна има многу добри карактеристики за апсорпција на звукот. Таа ја апсорбира бучавата и од околината и од разните простории во поткровјето, т.е. освен термоизолација, за истата инвестиција е предвидена и звучна изолација.

● Пропустливост на пареа или така наречен ѕид што дише – значајна разлика во карактеристиките на камената минерална волна спрема другите топло-изолациски материјали е нејзината пропустливост на пареа – во ѕидовите се обезбедува дифузија на водената пареа, или како што се вели – ѕидовите “дишат” и тоа спречува создавање на кондензација.

● Отпорност на димензиите и својствата – плочи од камена минерална волна не содржат во себе остатоци од производен гас, кој би можел да предизвика губење на обем и промена на димензии во текот на годините на експлоатација на фасадата. Структурата добиена при топење на вулканските камења е практично вечна, а тоа ги прави вечни и својствата на фасадната изолација со камена волна.

Но, најголемата предност на камената волна Knauf Insulation над кој било друг изолациски материјал не е ниту една од гореспоменатите квалитети. Она што ја прави камената волна уникатен и најпосакуван изолациски производ е фактот дека ги поседува сите овие квалитети во едно, т.е при единствено поставување на изолација од камена волна, ги добиваме сите наведени својства во една додека зградата постои и живееме во неа.

Системски елементи:



● Фасаден ѕид;

● Лепак за камена волна;

● Термоизолациски материјал од камена минерална волна Knauf Insulation – FKD-N Thermal / FKD-N Thermal 2 / FKD-S Thermal;

● Штитници со метални шајки;

● Глет маса за минерална волна;

● Армирана мрежа од стаклени влакна;

● Глет маса за минерална волна;

● Прајмер за малтер

● Завршен слој – надворешен декоративен малтер.

Compare listings

Compare