Дополнителни совети:
Секогаш вложувајте денар повеќе при изборот на добар килим. Убавиот килим е нешто налик уметничко дело, се пренесува од генерација на генерација, па освен основната функција има и сентиментална вредност. Добриот волнен килим со тек на времето изгледа се подобро како и стариот мебел.Килимите не се вклучуваат во производи од ефтина категорија, нивната цена зависи од големината, дали станува збор за килим од рачна изработка, боењето како и густината. Ако првенствено сакате топлина и удобност без други додатоци, размислите за килим кој ќе се простира низ целата површина на просторијата. Ако сте загрижени за одржување – добар избор се шарените дезени, но имајте во предвид дека најелегантните килими се еднобојни. Во просториите како дневната соба каде што движењето е често, добро би било да ги фиксирате килимите со трака која ќе го задржува на едно место.