ОДСТРАНУВАЊЕ ГРЕБНАТИНКИ НА ДРВЕН МЕБЕЛ

  • 1

Дрвото во ентериерот може да делува ретро, елегантно или модерно во зависност од нашите афинитети, па речиси не постои дом во кој не се наоѓа барем едно парче мебел изработен од дрво без оглед дали се работи за кревет, ормар, стол, маса…

Меѓутоа обична гребнатинка, па дури и најмалата може лесно да ја расипе убавината на дрвениот мебел што ќе не наведе кон потрага на различни решенија за одстранување на истата. За среќа постои доста ефикасен и природен начин за решавање на овој проблем кој не бара некоја инвестиција.

Постои природен техника- лек за гребнатинките на дрвената површина, а се што Ви е потребно е еден орев и мека крпа затоа што природното масло од овој плод совршено ќе ја одстрани видливата гребнатинка. Одстранувањето се состои од три чекори и тоа:

"ОРЕВ, БАДЕМ ИЛИ БРАЗИЛСКИ ОРЕВ- ОДСТРАНУВАЧИ НА ГРЕБНАТИНКИ"

Најпрво излупете го оревот од лушпата, преполовете го на два дела и со едната половина дијагонално триете ја гребнатинката. Вториот чекор се состои од триење на гребнатинката со прст со што би се загреала површината, па почекајте неколку минути дрвото да го впие маслото од оревот.

На самиот крај исполирајте ја површината со мека крпа, па од гребнатинката нема да има ни трага. Доколку немате орев може да користите бадем или бразилски орев а постапката е идентична.

Извор: www.kucastil.rs

Compare listings

Compare