ПРЕДНОСТИ И ПРИДОБИВКИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ГЛИНЕНИТЕ ЌЕРАМИДИ

  • 1

Глинените керамиди всушност се природен и убав материјал, чија боја е отпорна на UV-сончевите зраци, исто така нивна главна карактеристика е издржливоста.

Ексклузивната програма на глинени керамиди, која изобилува со разни бои (природни, глазирани и eнгобирани) како и додатните пропратни елементи се идеални за создавање на совршениот покрив. Користењето на најсовремени техники за производство на овие керамиди ни овозможуваат на секој производ да му подариме препознатлив и уникатен изглед како и посебно чувство кога ќе ги допрете овие производи.
Глинените керамиди се целосно природни производи кои ги исполнуваат сите критериуми и барања кога е во прашање зачувување на еколошката средина за време на конструкцијата, керамидите на Tondach овој критериум на зачувување на животната средина успешно го исполнуваат на начин на кој малку кој од останатите градежни материјали можат да го остварат.
Со печење на глинените керамиди на високи температури се постигнува живот и над 100 години.

Нема потреба од дополнително одржување – со поддршка на најнапредните технологии,Wienerberger керамидите го подобруваат квалитетот на животот на секој оној кој живее под нивна заштита.
По уривањето, глинените керамиди можат да се рециклираат – повторно да се искористат во материјалниот циклус, истотака можат лесно и економично да бидат искористени како минерален градежен материјал без притоа да допринесуваат за загадување на животната средина.
Во случај на реновирање, глинените керамиди лесно повторно се вклопуваат.

Покривот на две води нуди многу предности
Се почестите временски непогоди кои настануваат како резултат од лошите климатски промени, претставуваат предизвик за градежни конструкции. Сепак, структурната стабилност на покривите ”на две води”, дозволува таквиот покрив да издржи високите оптоварувања, дури и оние оптоварувања кои се предизвикани снег.
Во просек,причината за околу 25% до 35% од вкупната загуба на енергијата во објектите, се насочува кон нивната обвивка.Покривот во две води значително ја подобрува термичката ефикасност на зградата поради природната вентилација под горниот слој на покривот.
Ова обезбедува оптимална удобност на собите, и во зима и лето.

Исто така, покривите на две води овозможуваат брзо истекување на водата, во случај на силни поплави, правејќи го непотребен процесот на спроведување на дренажни цевки низ зградата како и овозможува лесно одржување на одливот на водата. Дополнително, двоводните покриви претставуваат долгорочно водоотпорно решение кое е отпорно на влага и вегетација.
Во градовите каде што урбанистите ја нагласуваат потребата секогаш да се пополни просторот, преуредувањето на таванот претставува совршена можност за создавање дополнителен простор за живеење. Исто така, преуредувањето на таванот како простор за живеење е далеку поекономично од дополнителна доградба.

Двоводните покриви се идеално решение за сите станарите кои се грижат за животната средина и го ценат зачувувањето на енергијата. Во споредба со рамните покриви, покривите на две води придонесуваат позитивно за заштеда на енергијата.
Од аспект на дизајнот, покривите на две води нудат широк спектар на можности за исклучителни животни искуства.

Compare listings

Compare