Уште неколку фасцинантни податоци за гипсот
Кожа на ѕидовите
Она што го прави гипсот употреблив во медицината е подеднакво истата брзина на пародифузност и истата pH вредност како и човечката кожа. Ова го прави идеален материјал за површините кои треба да не опкружуваат. Гипсот е 100% минерален материјал, докажано без никакви токсични материи кои би ни го нарушиле комодитетот на просторот. Без никакви ограничувања може да биде и да остане во временски неограничен контакт со човековата кожа.
Почуствувајте ја топлината
Кожата е најголемиот орган на човековото тело. Дозволете и да ужива и највисока удобност. Гипсот како материјал има својство на ниска термичка проводливост. Гипсените површини секогаш имаат удобна температура на допир.
Климатизирани ѕидови
Во внатрешната рамнотежа лежи уметноста на живеењето, а тајната на изедначената клима во просторијата е во умерената влажност. Природата преку гипсот ни дарила силен регулатор на влагата. Со своите широки пори, тој лесно ја прифаќа влагата која е вишок во една просторија, а при следниот пад на влагата, повторно ја враќа назад примената количина, секогаш одржувајќи оптимална влага, од 40% до 60%, во воздухот. Сето ова без никаква дополнителна енергија, сосем природно.