РОМАНТИЧЕН ФРАНЦУСКИ ДИЗАЈН

  • 1

Дали сте се запрашале како да внесете во домот стил кој што е атрактивен и елегантен со нагласена феминистичка нота а притоа истовремено надополнет со класичен француски дизајн? Францускиот стил е идеален за спалните соби и дневната соба но одлично се вклопува и во било која друга просторија во домот.

Светлите нијанси се користат како основа, додека силните бои се користат за детали кои ќе го нагласат просторот. Резултатот ќе биде прекрасна просторија која зрачи со смиреност. Токму поради ова овој стил е најдобар за соби во кои одморате. Благодарение на светлите бои, овој стил може успешно да биде искористен во малите и мрачни протории бидејќи создава чувство на поголем простор и внесува светлост во Вашиот дом.

Основни насоки на кои што мора да внимавате се: целосниот изглед мора да биде во бледи нијанси – крем, валкано бела или топли неутрални бои би биле одличен избор. Боите кои се користат за нагласување се богати а деталите нападни, па така најдобро би било основната боја да биде бела која асоцира на чистота. За класичен француски дизајн изборот на мебел е доста важен. Стилот треба да биде антички или барем репродукција на античкото. Не мора да биде со потекло од Франција, но мора да биде традиционален и пријатен за око со стандардни пропорции. Мебелот најчесто е бојадисан во бела или боја на дрво за да се постигне тој француски стил. Исто така потрудете се да пронајдете на пазарот атрактивни, антички рачки за фиоките или вратата. Овие детали овозможуваат постигнување на автентичен изглед. Доколку не можете да најдете парчиња мебел со ист дизајн, доволно е да ги бојадисате во иста боја и додадете исти рачки.

"СВЕТЛИ НИЈАНСИ КАКО ОСНОВА - СИЛНИ БОИ ЗА ДЕТАЛИ"

Деталите мора да бидат нежни и традиционални. Може да бидат цветови и листови, традиционални линии или пеперуткасти детали. Бојата на тапетите, завесите, постелнината, перничињата треба да бидат топли, богати бои но со пригушени тонови. Најчест избор се црвената, валкано розевата, костенова, виолетова па дури и зелена боја, темни нијанси на тиркиз, сина и сива.

Извор: http://enterijer.ba

Претходен напис

ЦРНА БОЈА ВО КУЈНА

Следен напис

ПОД ВО БОЈА

Compare listings

Compare