Најчесто фототапетите се користат во детската соба, дневната и трпезаријата. Можете да ги пронајдете во стандардни димензии или да ги порачате според одредени точни димензии на ѕидот. Начинот на лепење на фототапетите е малку покомплициран од лепењето на стандардните тапети , грешките мора да се минимизирани поради што добро би било да ја препуштите оваа работа на стручно лице. Секој тапет има симболи и ознаки кои мора да се следат при поставувањето на ѕид. Најпрвин потребно е да се припреми подлогата. Ѕидот на кој се лепи тапетот мора да биде сув, чист, рамен и исчистен од претходните тапети. Најдобро е подлогата да биде бојадисана во бела или некоја неутрална боја за да не прозира низ тапетот.