ФЛЕКСИБИЛНА ПОЛИЦА КОЈА СЕ ПРИЛАГОДУВА НА ПРОСТОРОТ

  • 1

Jапонското студио НЕНДО на еден лондонски фестивал ја претстави полицата НЕСТ- флексибилен систем за складирње која се развлекува како би се прилагодила со различните димензии на слободниот простор.

Кога полицата целосно ќе се развлече ќе достигне двапати поголема широчина од моментот кога е собрана, со што на корисникот му дава можност да одбере големина на полица што би одговарала на просторот или изгледот на полицата што му се допаднала на корисникот.

Кога полицата е развлечена до пола, излегуваат девет преградни делови погодни за оставување на книги или други лични предмети.

"ПОЛИЦА КОЈА СЕ ПРИЛАГОДУВА СПОРЕД ПРОСТОРОТ"

Главниот дизајнер на студиото ОКИ САТО, го опишува производот како полица од која на изглед излегува уште една со иста големина. Широчината на полицата изнесува 65см кога е собрана, додека најмногу може да достигне 130см ширина.

Вертикалните делови направени се од карбонски влакна дебели 3,7мм, додека хоризонталните делови на полиците направени се од комбинирани арамидни и карбонски влакна. Сите делови се обложени со фурнир од ариш (бор). Карбонските влакна стануваат се популарен матерјал за изработка на мебел благодарение на малата тежина и големата издржливост.

Извор: www.kucastil.rs

Compare listings

Compare