ДРВО – симболизира раѓање, интуиција, креативност, сила, флексибилност. Домот во кој има недостиг од овој елемент може да предизвика депресија и недостаток на креативност. За да ја почувствувате моќта на овој елемент, доволно е да имате некое растение, дел од мебелот изработен од дрво, украси од дрво и слично.
ОГАН – го зголемува ентузијазмот, инспирацијата, смелоста… Недостатокот од овој елемент предизвикува емоционално студенило, недостаток на визија и самопочитување. За да го внесете овој елемент во домот, најдобар начин е да ја искористите природната светлина, да ставите свеќи и силно осветлување, а може да го внесете и преку црвената, розовата или виолетовата боја.