БОЈА И АКЦЕНТИ. Сите нијанси на сина боја во комбинација со бела и некои потемни тонови го создаваат ефектот – океан. Ова е најсигурниот начин да „водени“ моменти заблескаат со полн сјај во вашиот дом. Јаките контрасти на сино- бело може да бидат исполнети и со орнаменти како бранови, корални гребени, морски алги, камења и сл. Акцентирањето во вид на чинии, чајници, завеси, лустер, тепих или перници со морски детали се непропустливи доколку се следи овој стил. Тапети и фототапети во спалната или детската соба го довикуваат океанот лесно и едноставно, а овој стил особено се препорачува за детска соба со што ќе ги воодушевите вашите малечки со ентериерот во морнарски стил.