Позитивната страна на мебелот изработен од дрво е тоа што во секој момент може да биде реставриран. Можеби во домот имате некоја масичка или орманче кои ги чувате од сентиментални причини. Можете да ги разубавите со мал зафат. Бојадисајте ги по желба- потребни ќе ви бидат прајмер, боја и лак. Доколку пак, сте се соочиле со ситуација да го „извалкате“ подот, масичката или столот со восок има решение да се ослободете од истиот. Најпрво ставете коцка мраз над восокот за да се зацврсти потполно. Потоа, што е можно повеќе од восокот истружете го со помош на некој пластичен или не аброзивен предмет како што е ножот за путер или ленир. Откако ќе одстраните поголем дел од восокот земете чиста мека крпа на која што ќе капнете малку восок за одржување на дрво и пополека ќе го нанесете врз преостанатиот восок се додека не го одстраните. Друг начин за одстранување восок е со помош на фен за коса. Уклучете го фенот на средна јачина и насочете го кон извалканото место. Кога восокот ќе почне да се топи исчистете го со мека крпа на која ќе нанесете разредена киселина полирајќи како и вообичаено.