ДЕКОРИРАЈТЕ СО СВЕЌИ

  • 1

Свеќите ја внесуваат енергијата на огнот во просторот. Запалените свеќи ќе донесат романтика во вашиот дом, а свеќи поставени на високи свеќници оддаваат елеганција.

Со внимателно избирање на свеќи во домот може да создадете опуштена атмосфера. Ако ги поставите во внатрешноста на каминот делуваат опуштено на вас. Исто така може да уживате во бањата осветлена само со свеќи. Огледало како подлога за свеќи ќе ја зголеми количината на светлина и ќе делува доста ефективно.

Во комбинација со комплементарни бои свеќите изгледаат доста интересно. Исто така може да изберете бои кои моментално одговараат на годишната доба. Може да ги декорирате во комбинација со цветни аранжмани, материјали од природата, или да ја зголемете нивната привлечност со ткаенини во бои кои ќе одговараат.

"СВЕЌИ ЗА ОПУШТЕНА И СМИРЕНА АТМОСФЕРА"

Со помош на свеќи може на едноставен начин да внесете мирис во домот. Изберете еден омилен мирис или запалете неколку свеќи со етерични масла во различни делови од станот. Нивната трепетна светлост и мирис ќе носат доза на интимност и ќе создаваат атмосфера за опуштање. Не заборавајте го цвеќето за еднократна употреба. Поставете ги во стаклени вазни, тегла или обична чаша со вода и нека плутаат на површината создавајќи единствен, смирувачки одсјај во водата.

 

Свеќите се совршен декоративен елемент во просторот меѓутоа мора внимателно да се постапува со нив. Како совети би ги издвоиле: Избегнувајте миризливи свеќи при јадење. Некои луѓе се склони кон алергиски реакции, па затоа најдобро е да се избегне мешањето на ароми на храната и миризливите свеќи. Не оставајте ја свеќата да гори надвор од вашиот видеокруг и не излегувајте од дома додека не проверете дека сите свеќи сте ги изгаснале. При декорирање со високи свеќници треба да се внимава да не го попречуваат видното поле помеѓу лицата кои разговараат. Поставете го свеќникот на некој агол од масата така што не би ја попречувал комуникацијата. Истото важи и за цветните аранжмани.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare