КОЈ Е ВАШИОТ ДЕКОРАТИВЕН СТИЛ?

  • 1

Одредувањето на стилот во кој ќе го уредите домот е слично како избирање облека. Прво што треба да направите е да се ослободите од притисокот и влијанието на другите и да креирате свој сопствен стил. Одвоите време за потрага и избор на идеи и инспирации во магазините, каталозите или на интернет. Притоа земете ги во предвид светлоста во ентериерот во различни периоди од денот како и тоа колку често го искористувате одреден простор во домот. Накратко, откријте што е потребно да се превземе во одреден простор.

За почеток најважно е да развиете чувство за дизајн. Направете една своја комбинација од идеи кои ќе ги здобиете преку разгледување на стилот во домот на пријателите, угостителските објекти, изложбените салони…На крај целокупната инспирација и идеи ќе ги обедините во еден свој декоративен стил кој ќе можете да го наречите свој. Стилот може да го надградувате преку гледање филмови, серии и останати содржини на ТВ каде што дизајнерите на ентериери се потрудиле се да изгледа перфектно до најситен детал. Може да ги прашате и Вашите познаници за совет. На луѓето им е мило кога ќе ги прашате за совет затоа што на накој начин им оддавате признание на нивните идеи и работа. Но не дозволувајте да се изгубите во идеите на другите.

ТРАДИЦИОНАЛНИОТ СТИЛ е доста формален, софистициран и му пркоси на времето. Го карактеризираат антиквитетите, висококвалитетна дрвенарија од полно дрво и мебел во ненагласени благи бои. Нагласок се дава на удобноста, стилот и класиката надополнета со префинета елеганција. Ткаенините се скапоцени и богати, дрвенаријата висококвалитетна а од декоративни елементи се присутни уметнички слики, мотиви и пејзажи, скулпутри и урамени фамилијарни фотографии. Традиционално уредените простории се внимателно компонирани и целокупно гледано изгледаат доста формално.

Наспроти традиционалниот стил на уредување е МОДЕРНИОТ СТИЛ на уредување. Со корени уште од 20тите години на минатиот век, класичната модерна (исто така позната и како применета ) уметност го третира ентериерот како дел од тридимензионална уметност, комбинирајќи материјали, облици, бои и шари. Површините се рамни, боите јаки и впечатливи, облиците геометриски со правилни детали и рабови. Карактеристики на овој модел на уредување се минимализмот и нагласените површини. Материјалите варираат од висококвалитетни природни материјали како свила, памук, камен, мермер … до квалитетни синтетички материјали.

"НЕФОРМАЛЕН СТИЛ-КОМБИНАЦИЈА НА БОИ, ШАРИ И СТИЛОВИ"

Спојот на слични подстилови како рустичниот, селскиот, природен , цветен, романтичен, наутичен, амбиент на плажа, колиба, планинска куќа го преставува СЕЛСКИОТ СТИЛ на уредување на домот. Сите материјали и елементи кои се користат се природни со ретки синтетички детали. Боите и дизајнот ги симулираат елементите во природата ( на пример цветните мотиви). Мебелот е едноставен и често рачно изработен. Истотака карактеристично е тоа што се изоставени модерните делови (во повеќе случаи се добро визуелно покриени).

НЕФОРМАЛНИОТ СТИЛ често е именуван и како мешавина. Се одликува со квалитетно избрани и хармонично помешани елементи на мебел, боја и шари како и декоративни детали кои што се разликуваат од особа до особа. Неформалниот стил е спој на античното и модерното, односно комбинација на правилни геометриски облици со топлината на селото измешани со бои и шари. Најуспешно реализирани простории во овој стил често носат елементи на два или три различни стила кои што визуелно се поврзани со заеднички бои и облици.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare