Од друга страна црната боја симболизира таинственост, мистичност, независност, со себе носи меланхолија но и елеганција. Но, не треба да се претерува со оваа боја затоа што го затемнува просторот. Црно-белиот однос е одличен за постигнување елеганција во просторот. Искористете ја оваа боја внесувајќи ја во просторот на пример како гарнитура со што ќе го направите просторот да делува полуксузно.Нанесувајќи ја на ѕидот во вид на вертикални линии визуелно просторот ќе делува подолг.