ШТО И КАКО ДА ИСКОМБИНИРАТЕ СО ЦРВЕНА СОФА?

  • 1

Црвената софа може да направи сјајна атмосфера во дневната соба но исто така во погрешен амбиент да биде и „трн во око“. Комбинирањето со јаки и шарени тонови е тешко, па во продолжение следат неколку идеи како да ја интегрирате црвената гарнитура во дневниот простор.

Кинезите веруваат дека црвената боја е најсреќна боја, но сепак некои психолози тврдат дека црвената боја силно влијае на емоциите па доколку е премногу застапена во ентериерот полесно доведува до кавга. А што мислат оние на кои црвената боја им е едноставно најубава и се одлучуваат да купат црвена гарнитура, софа или кауч за во дневната соба? Нив им е важно само овој дел од мебелот да биде фокусна точка на просторијата и ефективно да се вклопува во домот. Во зависност од желбите, еве неколку идеи кои ќе ја олеснат декорацијата таму каде што црвениот мебел има примарно место.

За да ја неутрализирате просторијата треба да изберете крем и светли нијанси на шампањ или жолтеникава боја која што ќе овозможат просторот да не изгледа одбивно и „запалено“. Покрај црвениот кауч може да имате детали кои што ќе преовладуваат во наведените неутрални нијанси но истовремено може да и дадете поддршка на софата со неколку црвени парчина декорација распределени во ентериерот. Тоа може да биде слика за на ѕид, фигури на полиците, детали на завесите или лустерот.

"ЦРВЕНО-КРЕМАВА КОМБИНАЦИЈА ЗА НЕУТРАЛИЗАЦИЈА НА ПРОСТОРОТ"

Ентериерите во кои е застапена црвено-сивата и црвено-смеѓа комбинација често ги среќаваме во модерно уредените станови. Овие две бои се одлична комбинација за еден простор, доколку самиот го дозволува тоа. Ако поседувате високи тавани и многу светлина, тогаш црвената гарнитура со смеѓи ѕидови е одличен избор. Исто така, сите тонови на сиво ( особено оние посветлите) може да создадат сјаен амбиент ако просторијата е помала не создавајќи клаустофобичен простор.

Дефинитивно најчеста и најпопуларна комбинација на црвената боја е онаа со црна, бела или со двете бои истовремено. Одличните контрасти дозволуваат експериментирање со овие тонови без грешка. Сигурност за несигурните и топол дом за љубителите на минимализмот. Познатата и безвременска – „ штампа “ може да биде претставена преку детали или да го окупира целиот простор- создавајќи моќен ентериер. Како последна на листата идеи се наоѓаат храбрите и смели бои со кои се создаваат необични, посебни ентериери, поп арти. Зелен, жолт, син, златен или тиркизен детал со црвена софа прават посебен амбиент. На Вас останува изборот.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare