Затнатиот одвод е вистински кошмар и тежок за чистење, додека средствата кои се наменети за одзатнување на одводите се скапи и штетни за Вашите цевки. Честата употреба на овие средства може да доведе до корозија и пукање на некои цевки за вода, а тогаш како што и самите знаете доаѓа до прав пекол. Поправките од овој тип се доста скапи, долготрајни и неуредни, па затоа ви претставуваме едноставен начин како може да направите свое средство за чистење на одводот со кое нема да ги оштетите цевките а ќе го решите проблемот кој го имате.