БОРБА ПРОТИВ ВЛАГА

  • 1

Влагата е проблем со кој многумина се соочиле, а за секој проблем постои решение. Пристапот кон решавање на проблемот со влагата е различен врз основа на тоа дали се работи за влага која се шири по подрумските ѕидови и влага која се појавува поради недоволна топлинска изолација и слаба вентилација на просторот. Дали знаете дека возхудот во Вашиот стан може да прими до 5 литри вода дневно?

ВЛАГА ВО ДОМОТ.Да се живее на места каде што има 4 годишни времина и умерена клима е одлично. Меѓутоа, живеењето во вакви предели каде што има влага, снег, сонце, променливи температури не задолжува да внимаваме на идеалната температура во станбениот простор. Постојат две причини за појава на влажни ѕидови. Мора да се прави разлика помеѓу влага која се појавува поради извирање на вода и влага која настанува поради кондензација.

Влага која се појавува поради извирање на вода е последица на лоша хидроизолација и се карактеризира со жолтеникави дамки. Влага која се појавува поради кондензација е последица на недоволна топлинска изолација и лошо проветрување на просторот. Ако ѕидовите не дишат, кондензацијата се шири по нив.

 ПОРДУМОТ ПРИМА ВЛАГА. Место каде што најчесто се појавува влага е подрумот. Станува збор за ладна и влажна просторија во која се создаваат идеални услови за појава на габи, мувла и бактерии. Нажалост, влагата не останува само во подрумот туку се шири по конструкцијата на целата куќа. Значи, најважната просторија од која треба да се започне со контролирање на влагата во куќата е подрумот. Ако станува збор за течење надвор од подрумот потребна е првично хидроизолација. Доколку станува збор за кондензација потребна е квалитетна термо изолација на ѕидовите и таванот на поткровјето. Новите термоизолациски материјали на пазарот со различна дебелина се идеални за изолирање на подрумот. Тие се тврди, не ја впиваат влагата и не горат. Едноставно се монтираа со лепење без употреба на типли и слично. Може да ги оставите онакви какви што сте ги купиле, да ги глетовате или само да ги бојадисате. 

РЕНОВИРАЊЕ НА ПОТКРОВЈЕ. Ако сакате да ја контролирате влагата која се појавува во Вашиот дом, не заборавајте на поткровјето. Влагата на таваните се акумулира слично како и во подрумите. Добро би било доколку го реновирате поткровјето.

"ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА ВОЗДУХОТ ВО ВАШИОТ СТАН МОЖЕ ДА ПРИМИ ДО 5 ЛИТРИ ВОДА?"

ПРОЗОРИТЕ СЕ КРИТИЧНО МЕСТО. Виновници за појава на влага во станот се прозорите. Важно е редовното проветрување. Домовите се дехидрирани поради греењето. Сигурно сте забележале како во нив се собира прашина. Тоа се случува поради новите материјали кои се изработуваат а со кои се заштедува на топлинската енергија и нејзиниот губиток. Денес, можеби прозорите и вратите се поквалитетни со одлична изолација меѓутоа не дозволуваат продор на воздух. Затоа проветрувајте го просторот пред спиење и по станување. Дури и ако живеете во центар на град во кој има смог. 

МУВЛА НА НАДВОРЕШНИТЕ ЅИДОВИ УКАЖУВА НА ПОТРЕБАТА ОД ИЗОЛАЦИЈА НА ФАСАДАТА. Над и околу прозорите, во аглите на просториите, на внатрешните ѕидови на почетокот од грејната сезона се јавува мувла доколку просторот кој не е доволно топлински изолиран не се проветрува. Во тој случај потребна е изолација од надвор, наречена топлинска фасада во облик на Мултипор плоча. 

ПРВА ПОМОШ ВО БОРБА ПРОТИВ МУВЛА, ГАБИ И ВЛАГА. За да се изборите со овој проблем потребно е да направите изолација на ѕидовите, таванот, фасадата. Мувлата се победува со стопостотен алкохол.

Доколку немате или не можете да се снабдите со стопостотен алкохол, може да користите и 80 % алкохол кој ја разредува влагата на која се нанесува. Зафатените места со мувла најдобро е да се праскаат а не да се бришат со што не би се дозволило спорите да се прошируваат во станбениот простор. Правилното проветрување и загревање на просторот во голема мера може да ја одржува влагата во дозволени граници. Затоа е важно редовно да ја проветрувате просторијата за да ја отстраните влагата која дополнително се создава со одредени активности кои ги правиме во домот како перење, туширање, готвење и слично. 

ЛАДНИОТ ВОЗДУХ Е КОРИСЕН. Ладниот воздух кој навлегува од надвор во просторијата, подоцна со загревањето на просторијата со себе ја врзува и влагата. На следното отворање на прозорот, заедно со топлиот воздух ја напушта просторијата. Ладниот надворешен воздух одлично го суши просторот дури и во врнежливи денови. Доколку е многу ладен за себе може да поврзи повеќе водена пареа. Затоа со проветрувањето на просториите во ладен период може да отстрани повеќе влага од просторијата одколку во летниот период.

Compare listings

Compare