БОИ – ЗА И КОНТРА ПРОДУКТИВНОСТ НА РАБОТНО МЕСТО

  • 1

Боите имаат големо влијание врз работната атмосфера и продуктивност, а со нивниот избор директно влијаете врз емоциите на оние кои што работат во одреден простор, однесувањето и работните цели.

Затоа добро внимавајте во каква канцеларија работите. Ако целта е да ја зголемите продуктивноста, доста корисно е да ја познавате психологијата на бои, па еве неколку главни енергетски карактеристики на боите. Топлите бои како портокаловата, црвената и жолтата предизвикуваат чувства на топлина кои не се реални, додека ладните бои како сина, зелена и светло виолетова прават да се чувствувате ладно во просторијата.

БЕЛА БОЈА

Оваа боја е симбол за професионализам и работна елеганција. Но, белата боја нема да ве стимулира, туку ќе ве направи конфузни, а нивото на концентрација значително ќе опаѓа па не се препорачува за во работна просторија.

ЦРВЕНА БОЈА

Го блокира аналитичкото размилување, ги тера луѓето да делуваат брзо и енергично, но таа енергија е краткотрајна, го редуцира аналитичкото размислување што не е добро за донесување одлуки.

СИНА БОЈА

Боја која потсетува на небо и море, со моќ за опуштање и смирување. Поради тоа е добар избор за работни простории, особено оние кои што треба да создаваат впечаток за „сериозна компанија“.

ПОРТОКАЛОВА БОЈА

асоцира на квалитет, воедно ја одржува будноста и ја зголемува концентрацијата, па често се користи како една од омилените бои во канцелариското окружување.

Од друга страна пак, ЖОЛТАТА БОЈА најретко се користи бидејќи се смета дека предизвикува страв, анксиозност, мачнини и главоболки. Сепак изборот на вистинската нијанса на жолта боја може да го направи просторот позитивен, сигурен и пријателски настроен.

ЗЕЛЕНА БОЈА


Ја поттикнува креативноста и најчесто се користи за побистро размислување а воедно и за подигнување на креативноста. Двојна причина за често користење во работните ентериери.

Извор: www.kucastil.rs

Compare listings

Compare