БОИ КОИ ЅИДОВИТЕ ГИ ПРЕТВОРААТ ВО ТАБЛИ ЗА ПИШУВАЊЕ

  • 1

Дали сте подготвени за пишување по ѕидовите со маркер а притоа истите да бидат вратени во првобитната состојба? Smart Wall Paint бојата тоа го овозможува.

Доколку сакате да ја истакнете Вашата креативност како и креативноста на Вашите деца или вработени доколку ја користите во фирма, не плашејќи се дека ѕидовите ќе бидат исшарани во разни бои оваа боја е идеално решение.

Со бојата Smart Wall Paint може да пишувате и цртате со маркери по ѕидовите а потоа само да ги избришете со обична крпа.

"ПОЕФТИНА ВАРИЈАНТА НА SMART WALL PAINT Е CHALK BOARD PAINT"

Smart Wall Paint е најчесто во бела боја или транспарентна доколку сакате да ја нанесувате на некој ѕид во боја. Сепак, бидејќи по ѕидовите се пишува со маркери не е препорачливо бојата на ѕидовите да биде премногу темна затоа што маркерот не ќе може да дојде до израз. За да може да се пишува со овие маркери, ѕидовите мора да бидат добро припремени- идеално мазни, премачкани со прајмер. Се препорачува користење на латекс боја пред нанесувањето слој за пишување. Овој слој боја за пишување се нанесува со специјален валјак, а ѕидот се премачкува само со еден слој. Бојата се продава во пакувања за 2, 6, 18 или 34 метри квадратни.

Како поефтина варијанта на оваа боја е Chalk Board бојата, која се произведува во црна и темно-зелена боја. На неа се пишува со креди наместо со маркери. Пред нанесување на оваа боја, потребно е глетовање и шмирглање на ѕидот.

Compare listings

Compare