БОИТЕ ВО СПАЛНАТА СОБА И СОНОТ

  • 1

Ако сакате добро да се наспиете потребно е да ја бојадисате Вашата соба во сино. Луѓето во просек поминуваат третина од својот живот со спалната соба.

Според истражувањата, сината боја е поврзана со мирни чувства, ја забавува работата на срцето и го намалува притисокот.
 

Зелената и жолтата боја исто така влијаат добро на сонот. Најлоша боја за спална соба дефинитивно е виолетовата бидејќи е премногу стимулативна и ги намалува сатите на спиење.

"СИНА И ЖОЛТА БОЈА ЗА ДОБАР СОН"

Сивата и кафеавата боја од друга страна се премногу досадни и депресивни, па затоа влијаат лошо на должината на сонот.

Во мрежичката на окото постојат посебни ќелии кои се најосетливи на сината боја. Овие рецептори ги примаат информациите и ги пренесуваат во делот на мозокот за циркадијален ритам, односно биолошки часовник. Така боите влијаат на нашето однесување и расположение.

Compare listings

Compare