Стабилни, неутрални тонови. Нијансите на мермер, сива, кафеава, беж, слонова коста или гранит оставаат впечаток на присутност. Доколку во Вашиот дом преовладуваат неутрални тонови, сигурно сте практична и стабилна личност која не ги прати трендовите. Ѕидовите со земјени нијанси делуваат неупадливо а истовремено овозможуваат додавање на смела комбинација на мебел. Меѓутоа некои ги сметаат за досадни. Доколку сакате да го оживеете Вашиот дом додадете детали со дрвени, стаклени или метални површини. Направете контраст со помош на боите и материјалите за да Вашиот животен простор не делува стерилно и обично.