ТРИ БОИ СО СИЛЕН ЕФЕКТ ЗА ВО ТОАЛЕТ

  • 1

Бојата на ѕидовите во тоалетот по одреден временски период здосадува и изгледа застарено. Мала промена, како промена на нијансата на боите или текстурата на ѕидот создава сосем поинаков ефект во тоалетот.

Најлесен, најефтин и најефикасен начин за промена во тоалетот е промената на бојата. Пред да се одлучите за одредена боја, сепак најпрво проверете ја отпорноста на влага за да утврдете дали таа е вистинскиот избор за Вас и Вашата интимна зона во домот.

За храбрите особи се препорачува ЦРВЕНАТА боја. Доколку сакате Вашиот тоалет да добие „ храбар „ декор, тогаш црвената боја е идеална за Вас. Покрај црвената боја од бордо па до посветли тонови тука е и силната розева и циклама.

"СИНА И ЗЕЛЕНА БОЈА - СВЕЖИНА И СВЕТЛИНА"

За свежина – СИНА И ЗЕЛЕНА боја. Отворена атмосфера во тоалетот се создава со избор на нијанси на зелена и сина боја. Тие се декор кој го прават тоалетот свеж и светол. Токму поради овие причини се најомилени бои кои се користат за уредување на тоалетот.

ВИОЛЕТОВА боја за добро расположение. Виолетовата боја и интензивните нијанси на жолта и портокалова се наоѓаат на листата на бои кои го поправаат расположението и создаваат позитивна атмосфера. За создавање на смирувачки ефект изберете виолетова и тонови на лаванда.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare