БЕТОНСКИ БЛОКОВИ? ЗОШТО ДА НЕ!

  • 1

Бетонските блокови одговараат речиси во секој ентериер. Ние ќе ви прикажеме неколку импресионирачки идеи кои што се надеваме ќе ви се допаднат. Најверојатно ќе бидете инспирирани да ги искористите бетонските елементи во домот или градината, претворајќи ги во функционални делови од мебелот.

Овие блокови се исклучително цврсти што ги прави совршен материјал за направи сам проекти. Сите ги сакаат затоа што имаат едноставен облик, чисти линии и се доста модерни. Поради својата сива боја може да се усогласат во секој ентериер. Дали некогаш сте размислувале во врска со тоа? Во продолжение погледнете ги идеите.
Потребна ви е полица за книги или за ТВ, а немате доволно средства за вложување во нов мебел? Искористете ги бетонските блокови во комбинација со дрвени штици или плексиглас и изработете ја сами. Може да направите и клупа која што би ја поставиле во аголот кој е празен.

Иако се доста корисни во ентериерот, бетонските блокови може одлично да се искористат и во екстериерот. Направетe место во дворот за одмор со помош на овој елемент. Не заборавајте да поставите доста перници за да направите мека подлога затоа што бетонските блокови може да бидат ладни. Блоковите кои имаат отвори се совршени за одгледување некоја билка. Може да ги поставите и внатре и надвор.

"СО НЕКОЛКУ БЛОКОВИ ДО КЛУБ МАСА"

Зошто пак не би поставиле душек на бетонски блокови со што би постигнале минималистички дизајн? Бетонските блокови отвараат доста простор за складирање на предмети кои во моментот не ги користите. Доколку моментално не можете да си дозволите купување на мебел, бетонските блокови се од голема помош. Можеби дури и повеќе ќе ви се допадне нивниот изглед, па не ќе посакате да ги замените.

Зошто да трошите пари за купување на клуб масичка? Поставете само неколку бетонски блокови пред софата и ќе добиете нова масичка. Истото важи и за работниот простор. Дополнително ќе ви биде потребна само една штица.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare