БЕТОН КАКО ДЕЛ ОД ЕНТЕРИЕРОТ

  • 1

Кога станува збор за ентериерно уредување, долго време бетонот се смета за материјал кој во ентериерот дава чувство на недовршеност и ладен изглед. Меѓутоа, како индустриски стил во последните неколку години е се повеќе популарен и застапен елемент на модерните ентериери.

Со внимателно комбинирање на топли и ладни материјали и употреба на дезени и бои во вистинска мерка, дизајнерите успеаа да креираат комплетен пријатен изглед и атмосфера во домовите.

Ви претставуваме неколку ентериери во кои што е застапен токму бетонот кој остава урбана и шик нота. Во некои од ентериерите доминираат бетонските и стаклени ѕидови, дрвен под како и неутрални и пастелни бои.

На Вашата имагинација останува како ќе ги искомбинирате сите елементи и како ќе го вклопите бетонот во просторот. На пример може да go искомбинирате со непровидни стаклени панели кои би биле како паравани кои ја одделуваат кујната од дневниот простор а притоа обезбедуваат природна светлина без загрозување на приватноста.

Ладниот изглед на бетонот може да го “стоплите” со додавање дрвени греди, мебел изработен од дрво или камин.

Compare listings

Compare