Притоа, во бањата може да додадете детали од природен карактер, како спомени од море, планина и сл. Но, најпрвин акценот се става на големите детали во бањата. Доколку плочите се со темна боја, заменете ги со светли. Пластичните елементи на кои ја поставувате козметиката и другите ситници не се усогласливи со новиот изглед на бањата. Поставувањето камчиња на различни делови од бањата е апсолутно модерно и актуелно како и ситни симболи од море- школките. За максимално уживање и совршено освежување на просторот искористете ги миризливите свеќи поставени на различни места. За да сте во тек со новиот тренд поврзан со бањата мода да поставите и одредени растенија. Еве еден предлог- стаклена вазна со бамбус која со својот минималистички изглед одлично ќе се вклопи во просторот. Покрај убавиот изглед делуваат и делотворно- ја абсорбираат влагата. Новите трендови препорачуваат покрај поставување завеси на прозорците, завеси со контрасни бои и текстурални површини во однос на останатата санитарна опрема, потоа модерни радијатори кои имаат фина улога на држач на крпи, крпи во шарени бои, огледала со интересни рамки и сл.