Овој иновативен зелен материјал може да го замени еколошки непријателскиот челик. Неговите предности се многубројни. Трошоците за производство се мали, има помала тежина, лесен за транспорт и сечење, не корозира и природно е обновлив без потреба за повторно насадување. Бамбусот има способност да абсорбира големо количество јаглерод диоксид поради брзото растење со што го прочистува воздухот. Шуплив со цевчеста структура која се приспособила да опстојува на силни ветрови и природни неприлики.