Маси или столови во тон на рѓа може да бидат Вашиот избор, било да се направени од бакар или бојадисани во таа нијанса. Со мало вложување, топлината на бакарот може да се пренесе и преку вазните, свеќниците или ѕидни украси. Секако, за металот да има совршен сјај мора редовно да го чистите. Натопете половина лимон во сол и со таа смеса нежно поминете ги површините. Ако повеќе сакате патина (тенок слој – благородна рѓа која се јавува како последица на оксидацијата на подлогата) отколку сјај, треба да знаете дека совршено се вклопува со дрво, бела боја и пастелни тонови.