МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА МЕРЕЊЕ БУЧАВА ВО ДОМОТ

  • 1

Sound Meter PRO е апликација за мобилни телефони со која што може да ја измерете дали бучавата во Вашиот дом ги надминува очекуваните вредности.

Оваа едноставна апликација има широка намена, особено во градежничко-архитектонскиот сектор, при што се искористува за мерење на бучавата во просторот во кој живееме и работиме. Апликацијата користи микрофон кој што е вграден во мобилните телефони за да ја измери бучавата во просторот.

Се препорачува најпрво да се измери бучавата во станот- на средина во просторијата, па на блаконот или во просторија со отворен прозор. Поднесувачки сте изолирани доколку бучавата по затворање на прозорот е 10-15 децибели помала. Мора да се земе во предвид дека доколку имате квалитетна дограма нема да може да го измерете правиот ефект, затоа што квалитетната дограма со аргонски стакла ја намалува бучавата за 35-40 децибели, а Вие на пример ќе измерете бучава од 50 децибели, додека внатрешната ќе изнесува 25-30 децибели.

"АПЛИКАЦИЈАТА КОРИСТИ МИКРОФОН ВГРАДЕН ВО МОБИЛНИОТ"

Sound Meter Pro апликацијата може да се превземе на Google Play Store(Android). Доколку користите IPhone постои слична апликација- Decibel Meter Pro може да ја превземете од Itunes.

Бучавата од соседите ќе ја намалите со поставување гипсани табли на ѕидовите, како на пример Азмафон( материјал на база на памучни влакна поврзани со смола која што освен звучен е и одличен топлотен изолатор) или некој сличен изолационен материјал.

Compare listings

Compare