НАПРАВИ САМ: ОСВЕЖЕТЕ ГИ СТАРИТЕ АБАЖУРИ НА ЛАМБИТЕ

  • 1

Секој сака барем мала промена на одреден временски период во ентериерот. Затоа често го разместуваме стариот мебел или освежуваме старите предмети.

Еве неколку идеи како да го декорирате абажурот на старите ламби, да гo освежите истиот а на просторот да му дадете нов детал. Не станува збор за комплициран зафат, па затоа без никаков проблем ќе може сами да го изработите.

Една од идеите е да внесете природа во вашиот дом. Неколку собрани гранки прицврстени една до друга може да ги поставите на постоечкиот абажур. Друг начин за декорација се пластичните лајчиња. На овој начин ќе добиете елеганција и софистицираност на ламбата.

"СТАРИ КАРТИ, ПЕРЈА, ХАРТИЈА МОЖЕ ДА БИДАТ ИСКОРИСТЕНИ ЗА ДЕКОРАЦИЈА"

Дури и украсните ленти може да го разубават вашиот дом. Од сликите може да добиете идеја за начинот на кој би ги поставиле истите. Се што ви треба е силиконски лепак, трака и имагинација. Неискористената волна за изработка на шалче и капа за зимата може да биде идеална за украсување на ламба. Или пак, доколку имате некој стар џемпер кој не го користите едноставно може да се најде како декоративен абажур.

Стари карти, хартија, перја може да бидат потенцијални материјали за украсување на абажурот. Се што треба е желба, креативност и имагинација.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare