8 СОВЕТИ ЗА УБАВО И ФУНКЦИОНАЛНО ПОТКРОВЈЕ

  • 1

Поткровје е вид конструкција која е белег за еден посебен стил во дизајнирање на ентериер. Тоа е простран и отворен простор кој скоро и да нема sидови, со високи плафони и големо количество светлина.

Од оваа карактеристика може да помислите дека поткровјето е покомплицирано од традиционалната декорација на куќи, особено ако не знаеме како да го искористиме просторот во просториите, кој вид на мебел да го избереме или кој елементи се најдобри за украсување на просторот. Вистина дека поткровјето, како и било кој простор, може да се опреми на најубав но и најфункционален начин, доколку се познава просторот како и некој принципи за уредување на ентериерот.
Во светот на дизајн на ентериерот, поткровјето е синоним на се што е модерно. Поради своите архитектонски особини,  во него би требало да блесне електрицизам. Бидејќи електричен стил не е за почетници и не значи плеткање на разни стилови без ред, или ако не знаете од каде да почнете со уредување на вашето поткровје, во овој блог ќе ги представиме клучните фактори за постигање на совршен резултат.

1. Разделен простор

Недостаток на повеќе простории е една од главните карактеристики на поткровјето. Но тоа не значи дека внатрешниот простор не треба да биде раздвоен и различен. Со цел да ги обележиме и раздвоиме зоните, може да користиме разни декоративни елементи како што е задната страна на каучот, ТВ екран, растенија или соодветен параван. Исто така границите помеѓу просториите може да ги оделите со различни подови – на пример трпезарија и кујна. Една од идеите се винил подови , како совшена опција за симулација на различни површини. Освен за поделба на просторот, со оглед дека лесно се менуваат , можете кога посакате да внесете промени и иновации во просторот без многу мака и груби работи.

2. Осветлување

Како последица од недостаток од sидови ,врати и големи прозори, поткровјата се заплискани со природна светлина. Сепак не смееме да ја забораваме и улогата на вештачката светлина , како собни ламби или рефлектори. Исто така важен детал кој придонесува за блескава светлина во поткровјето е ослободување од пердиња, застапеност на светли бои кои рефлетираат светлина како и користење на соодветни материјали. На тој начин можеме да постигнеме индустриски и светлосен аспект кој е карактеристичен за ваков тип на простор.

3. Декорации

Изерете декоративни елементи кои ќе ја осликуваат вашата личност. Доколку просторот е мал , внимавајте да не го презаситите со голем број предмети и вметнете огледала за да добиете чувство на просторност. Сликите исто така се важен елемент во украсување на поткровјето. Може да направите и мала зелена оаза , растенија и цвеќе ќе донесат допир на природата и свежина во просторот.

4. Материјали и бои

Поради индустриското потекло на овој вид станови, градежните материјали како камен, цемент, или цигла се карактеристични во поткровјата. Исто така се среќаваат и греди и метални огради. Бидејќи поткровјето е по дефиниција отворен, а со цел овој простор да биде визуелно интегриран, важна е палетата на бои што ќе ја изберете за  украсување . Во поткровјето, како поради стилски , така и поради практични причини, преовладуваат неутрални бои, особено нијанси на бела, црна, сива или кафена. Овие бои се погодни за комбинација со многу други бои, а со тоа и вметнување разни детали во боја.

5. Функционалност на мебелот

Мебелот би требало да биде практичен и функционален, особено кога просторот со кој располагаме не е голем, па така треба да се бара мебел кој ќе биде прилагоден на просторот и да има неколку намени. Некој идеи кои сега ни текнуваат се трпезариски остров кое би послужило и како маса, сандаци за седење кои се и украс и место за складирање или пак кревет со простор за складирање.

 

6. Скали и галерија

Високи плафони и големи прозори, карактеристични за поткровја, нудат разни можности да ја искористите висината на просторот и ја поделите на нивоа. Затоа, не се двоумете дали да направите галерија или не. Освен тоа може да го искористите просторот под скали и тука да сместите мало катче , да речеме работно биро. Така максимално ќе го искористите просторот кој ви е на располагање.

7. Функционалност на аглите

Аглите може да бидат мртва точка., но може да се искористат во наша полза. Ние ја избравме оваа опција, за што имаме неколку причини. Прво,  ќошињата се идеални за поставување на полици по sидовите. Второ, аглите се совршен простор да сместите некое украсно растение и така го украсите домот и внесете нота на зеленило. Уште една идеа за овие мртви точки е стоечка ламба, со која ќе го снабдеме поткровјето со вештачка светлина.


8. Стаклени прегради
Доколку решите сепак просторот да го разделите на простории, направете го тоа суптилно. Една од можностите е користење на стаклени врати, со што се добива чувство на неиспрекинатост и визуелна комуникација на разделениот простор во поткотвјето. Исто така доколку сакате да го затворите пролазот, може да ставите стаклени преградни елементи кои се идеални за разделување на кујна од дневен престој, бидејќи се одржува визуелен контакт, но миризба и звуци од кујната не допираат до станбениот простор.

Compare listings

Compare