Разгорете ги мечтите
Нема секој дом толку многу простор за детски рај, но доколку имате можност на детето да му овозможите голема просторија, не мора да ја оптеретувате со мебел и непотребни предмети. Атмосферата во поткровјето и просторот со кој располага ќе ги разбуди идејата и мечтите, па сам ќе ги осмисли и креира игрите и активностите во неа.
Доколку некогаш почувствувате дека просторијата е преголема или ви е потребна дополнителна просторија, може да размислите за неколку преградни зидови, односно ќе можете да го намалите просторот во подконструкцијата према вашите потреби.
Поткровјата често имаат греди кои создаваат дополнителен комфор и будат идеи за нивно искористување на различен начин. Кога вашето дете не знае што со енергијата, еве можност да не ја потискува туку креативно насочува. Оригинално уредена соба во секоја игра може да стане нешто сосема друго – вселенски брод, подморница, набљудувачко место во џунглата и кој знае уште што. Со помош на соодветен текстил и детали собата ќе добие повеќе можности. Останато препуштете му го на детето.