7 МОДЕРНИ СПАЛНИ СОБИ ВО РУСТИЧЕН СТИЛ

  • 1

Модерните рустични ентериери последните еколку години се се попопуларни и им објавија ввојна на минималистичкиот стил и палетата на ладни бои кои долго време беа популарни. Рустичниот стил асоцира на топлота, земјени тонови, меки дебели теписи, крзнени покривачи, реставриран или рециклиран мебел, необработени природни материјали….меѓутоа еве неколку предлози како да ги комбинирате овие елементи со други стилови или неутрални детали за да креирате ентериер кој ќе има рустичен шарм.

Модерен кревет во рустичен ентериер

Овој етенриер просто мами да зачекорите по мекиот волнен тепих и да се опуштите на удобниот кревет. Природните материјали – дрво и камен доминираат во просторот, а посебен шарм пружа впечатливиот рустичен лустер од гранчина. За контраст на оваа димензија може да се постави модерна метална рамка на креветот.

Геометриски шари во рустичен ентериер

Рустичниот стил не мора да биде необработен и суров. Во софистицираната спална соба обогатена со астецки шари и мотиви може да се додаде лустер кој ќе подсетува на стилизирани еленски рогови.

Модернизиран рустичен ентериер

Во овој ентериер нека доминира дрвото, па дури и ѕидна декорација изработена од истиот материјал. Рустичниот стил е модернизиран со интересни осветлувачки тела и модерен кревет, но не се изоставени и детали од рустичен стил како тепих од животинска кожа.

Рустика во нежен стил

Честиот елемент на рустичниот стил – роговите на диви животни може да бидат модернизирани и посмирени ако се надополнат со уметнички дела како на пример слики. Во комбинација со нежни рустични бои, може да се дизајнира спална соба со женствена нота.

Како да внесете бои во рустичниот ентериер

На сликите може да забележите како е постигнато шаренило во ентериерот. Покрај креветот во форма на таписерија не само што се доловува рустичниот стил туку се внесуваат и бои и шари во неутралниот ентериер.

Поткровје во рустичен стил

Масивен лустер од вештачки рогови може да го зазема централното место и да доминира во собата на поткровје. Впечатливите елементи како лустерот, каминот, камен ѕид и дрвени греди асоцираат на дивина, природа и рустичен стил , додека голем прозор создава светлина во просторот како и доза на модерност.

Спој на индустриски и рустичен стил

Во овој стил на уредување на спална соба дозволено е комбинирање на рециклирани материјали како на пример создавање на кревет од палети кој совршено се вклопува во рустичниот стил. Сината боја може одлично да се дополни со бакарни тонови, а целокупниот дизајн може да се заокружи со ѕид од цигли кои се познаваат.

Compare listings

Compare