2. ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА КРЕВЕТОТ.
Централен и најважен предмет во спалната соба е креветот. Најдоминантен дел со главна и фокусна точка во просторијата мора да биде токму тој. Ако собата е мала ставете помал кревет,доколку го поставите бочно,во должина на ѕидот останатиот мебел распоредете го околу него. Доколку е на средина,мебелот нека се смести помеѓу креветот и патеките на подот.