ПАМЕТНО ДИЗАЈНИРАН 33М2 БУНГАЛОВ

  • 1

Со само неколку подвизи како отстранување на големите парчиња предмети и бојадисување во една боја, ќе создадете простор кој ќе Ве направи да размислите дали повторно би посакале да живеете во голем простор.

Само со додавање на малечок ѕид помеѓу дневниот простор и кујната создавате впечаток на соба со повеќе зони, а притоа не го намалувате просторот.

Под софата може да изработите мини плакарчина во кој ќе ги складирате предметите кои Ви се потребни.Бојадисајте ги ѕидовите бели- на тој начин ќе постигнете јасност и чистота во просторот кои ќе рефлектираат светлина и ќе ја прават собата поголема. Малечки предмети како чинии, перници во иста боја ќе се помешаат со околината.

"БЕЛА БОЈА- РЕФЛЕКТИРА СВЕТЛИНА И ВИЗУЕЛНО ГО ПРАВИ ПРОСТОРОТ ПОГОЛЕМ"

Додавајќи уште едно столче на работната маса или огледало ќе направите бирото да изгледа усогласено во ентериерот како дел од дневниот простор, а не некоја канцеларија. Цвеќа, свежи букети или некоја фотографија со пејзаж ќе направат да се чувствувате попријатно во просторот.

Во просторот каде што се наоѓа спалната, додадете полици на кој ќе поставите книги, свеќи и сл., додека под креветот може да има фиока која ќе биде додатен простор за складирање.

Compare listings

Compare