ФЕНГ ШУИ ВО ВАШИОТ ТОАЛЕТ

  • 1

Кога станува збор за тоалетот и бањата и за нивно уредување, фенг шуи техниката посветува посебно внимание, бидејќи според неа тоалетот и бањата ја претставуваат финансиската состојба на луѓето во домот. Поврзаноста на тоалетот и бањата со финансиите е токму водата која ги симболизира парите.

Според фенг шуи, тоалетот не треба да се наоѓа во средишниот дел на просторот во кој се живее и не треба истиот да се наоѓа по страничните делови на домот. Најдобро е тоалетот да не е премногу голем и да не е упадлив.

Доколку дозволува просторот најубаво е тоалетот да е одделен од бањата. Но живеењето во станови не дозволува да се прават некои поголеми зафати за да се добијат две одделни простории кои ќе ги задоволат барањата на фенг шуи. Од тие причини ова учење советува барем некако да се одвојат тоалетот и бањата, со преграда, полу ѕид, завеса или кабина со цел да се добие некаква приватност. Секогаш водете сметка капакот кој се наоѓа над шолјата секогаш да е спуштен и вратата која води кон тоалетот и бањата секогаш да е затворена.

"ВРАТАТА ОД ТОАЛЕТОТ ДА БИДЕ ЗАТВОРЕНА"

Течењето и капењето на вода од славините е знак дека парите многу лесно излегуваат или ќе излезат за скоро време од домот, па доколку не сакате тоа вам да ви се случи, секоја славина која не се затвора до крај и од која по малку капнува по некоја капка вода веднаш поправете ја или заменете ја со сосема нова. Се знае дека тоалетот и бањата секогаш треба да бидат беспрекорно чисти и уредни, па во иднина посветете повеќе време за тоа. Чистењето на овие простории задолжително нека се наоѓа на вашата неделна листа на активности. Според новата мода на уредување на просторот, тоалетот се става да биде веднаш до спалната соба, или во најлош случај да е еден вид продолжение на истата, што според принципите на фенг шуи е сосема погрешно и неправилно. Доколку и Вашиот дом е изграден според овие модерни правила, водете сметка задолжително да ставите некоја преграда за да го одделите од собата, или вратата која води до тоалетот секогаш да биде затворена.

Фенг шуи техниката за уредување на просторот има решение за секакви ситуации, со цел да се подобри квалитетот на животот на луѓето во домот. Независно дали станува збор за трпезаријата, дневната соба, спалната, кујната или тоалетот, пробајте вашиот дом да го уредите според принципите и правилата на оваа стара техника на уредување, за да уживате во позитивната енергија која неминовно ќе завладее во целиот простор.

Compare listings

Compare