Избегнувајте поглед на ѕидовите- Доколку бирото е поставено на начин на кој сте свртени кон ѕидот, погледот на ѕидот прави бариера и ја блокира енергијата. Ставете слика со пејзаж или птици на ѕидот, а доколку не можете или не смеете, на бирото ставете поголема рамка со некоја убава слика. Избегнувајте да седите лице кон лице со колегите- Доколку пред вас постојано го гледате лицето на колегата, помеѓу вас ќе се јават спротивставени енергии кои негативно се одразуваат. Обидете се да го поместите вашето биро за да избегнете во видното поле постојано да имате некој од колегите.