ТРЕНДОВИ ЗА ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ ЗА 2017 ГОДИНА

  • 1

Доколку сте во план да го преуредувате домот оваа година, еве неколку предлози кои што може да Ви бидат од корист- особено ако сакате да бидете во тек со трендовите.

МОРНАРСКО СИНА БОЈА – со внесувањето на оваа боја во ентериерот ќе го освежите постоечкиот уморен ентериер. Вклучете ја темносината боја во просторот на тој начин што ќе го декорирате просторот со неколку перничиња или навлаки за мебел во оваа боја, а доколку сакате да направите посериозен чекор доволно е да бојадисате еден зид во оваа боја. 

ДРВО И РУСТИКАЛНО УРЕДУВАЊЕ – на овој начин ќе внесете удобност и топлина во просторот. Дополнително дрвото, плетени или меки парчиња ткаенина со традиционални детаљи кои потсетуваат на некое дамнешно време нема да остават никого рамнодушен.

ПОДНО ГРЕЕЊЕ – не само што ќе се чувствувате пријатно во просторијата туку и ќе заштедите енергија. Подното греење ќе Ви овозможи стапалата секогаш да Ви бидат топло. А со напредувањето на технологијата може да се загреее поголем простор со помалку искористена енергија за разлика од постоечките начини на греење. 

ОБЛОЖУВАЊЕ ЗИДОВИ СО ДРВЕНИ ТАБЛИ – се почест баран декоративен детал за ентериерно уредување. Тие оставаат посебен, помалку рустичен изглед на просторијата и повеќе не се резервирани само за дневната и спалната соба. Дури и купатилата и кујните уредени на овој начин изгледаат одлично.

"БАКАР- ДЕТАЛ ЗА 2017 ГОДИНА!"

БАКАР И ЛАЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА – веќе извесен период металните детали се популарен додаток во уредувањето, а бакарот оваа година ќе заземе посебно место во ентериерот. Исто така, лазечките растенија ќе бидат во центарот на вниманието, претварајќи го домот во модерна оаза идеална за бегство од градскиот асфалт.

 МИНИ ОРМАНЧИЊАТА повторно добиваат важност, па со своите јасни линии сами по себе функционираат како украс.

И за крај МЕРМЕРОТ, односно имитација на мермер во облик на тапети е тренд за оваа година. Може да се вгради во било кој дел од просторот во кој престојувате, на Вас останува да одлучите како ќе го вклопите.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare