РАБОТИ КОИ МОРА ДА ГИ ИМАТЕ ВО ДНЕВНАТА СОБА

  • 1

Собата во која го поминуваме најголемиот дел од нашето време – дневната соба треба да биде уредена па наш вкус, за да можеме во неа да поминуваме моменти на релаксација и опуштеност.

Работите кои ги има во секоја дневна соба, како телевизор и гарнитура не се единствените нешта кои се неопходни за декорирање и опремување на оваа просторија. Бидејќи дневната соба е „најпрометната” соба во секој дом, треба да биде опремена со уште многу други предмети и детали, кои не само што ќе ја украсат собата, туку истовремено ќе и дадат живост и разиграност, а со тоа и вашето уживање во домашни услови, особено во дневната соба ќе биде многу поголемо. Ова се нашите денешни совети за украсување на дневните простории, односно што е она што задолжително треба да го имате во вашата дневна соба.

– ВПЕЧАТЛИВА ФОТЕЛЈА

– независно дали ќе биде во ист стил како гарнитурата или креветот, фотелјата ќе му даде сосема поинаков изглед на дневната соба. Невообичаените фотелји со уникатен и несекојдневен изглед убаво се вклопуваат со секаков вид мебел и гарнитури, па затоа убаво би било доколку дозволуваат условите да си набавите фотелја во која ќе уживате во друштво со добра книга.


– ДЕКОРАТИВНИ ПЕРНИЧИЊА

– иако на гарнитурата имате перничиња кои одат во комплет со неа и се со ист материјал како неа, убаво би било да ја освежите самата гарнитура а со тоа и целиот простор со некои нови и сосема различни по боја перничиња. Одберете материјал со светли и силни бои и направете неколку перничиња за да го разиграте просторот и да ја разбиете едноличноста и монотонијата.

"ПРЕДМЕТИ СО СВОЈА ПРИКАЗНА ЗА ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА"

– ВПЕЧАТЛИВ ТЕПИХ

– поставеноста на тепихот на средината на дневната соба покажува дека неговото учество во целокупниот изглед на собата е од големо значење, па поради тоа тепихот треба да биде впечатлив и со интересни бои и дизајни. Одберете тепих со боја која ќе биде спротивна од боите кои најчесто преовладуваат во дневната соба, за да добиете интересен и несекојдневен изглед.


– УМЕТНИЧКИ СЛИКИ

– одберете слики кои ќе одговараат на стилот во кој е уредена дневната соба.
„Голите” ѕидови изгледаат тажно, па затоа добро е да се стави по некоја слика за да се добие разиграност во собата. Ако сакате дневната соба да добие живост и целиот дом да добие топлина, сликите кои ќе ги ставите треба да го одбележуваат она што вас најмногу ви се допаѓа. Со ставање на голем број слики на ѕидовите само ќе се добие соба во која ќе преовладува чувството на задушливост и пренатрупаност, затоа на почетокот најдобро е да се стават само неколку слики, а подоцна може да се надополнува приватната уметничка галерија.

– УКРАСИ

– полиците на кои најчесто се ставаат книги можат да се освежат со ставање на разновидни декоративни предмети. Украсите можат да бидат во најразлични бои и форми и можат да се постават не само на полиците, туку и на подот, особено по ќошевите на собата за да се надополни просторот со нешто несекојдневно и невообичаено. За изборот на украси нема правила за избор, сѐ е препуштено на вкусот и идејата.


– ПРЕДМЕТИ КОИ ИМААТ “СВОЈА ПРИКАЗНА”

– ваквите предмети се обележје на секој дом, бидејќи тие најдобро ги отсликуваат карактеристиките на сите луѓе кои живеат во тој дом. Ставете ги ваквите предмети на позабележителни места во вашата дневна соба и секогаш кога ќе имате прилика, опишувајте го значењето и приказната која е поврзана со секој од нив. На ваков начин ќе ја зголемите позитивната енергија не само во дневната соба, туку и во целиот дом, бидејќи ќе зборувате за работи кои ви се мили и драги и кои ви побудуваат пријатни и убави спомени.

Compare listings

Compare