Доколку елементите во кујната се здрави, променете ги само вратничките. Ова е една од поскапите варијанти, но сепак е доста поефтина од потполно менување на сите елементи. Наместо нови вратнички, може да ги префарбате старите. Се разбира, тоа треба да го направи некој кој има искуство со фарбање на мебел, бидејќи сами не би можеле да ги исфарбате вратничките. Доколку се одлучите за оваа варијанта, за неколку дена вашата кујна ќе добие сосема нов лик. Може да направите интересна комбинација на бои, долните елементи да бидат во една, горните во друга боја и слично.