КУЌА- СПОЈ НА ЕНТЕРИЕР И ЕКСТЕРИЕР

  • 1

Јапонското студио “Suppose Design Office” проектира интересна куќа во градот Тошиги во Јапонија. Белиот метален покрив на кој се наоѓаат повеќе отвори се спушта се до земјата штитејќи ги терасите и градините кои што сопствениците може да ги одгледуваат во текот на целата година.

Градината се протега по должина на целата куќа и се вклопува со големиот простран дневен простор на приземјето. На првиот кат, веднаш над дневниот простор има балкон, додека уште еден балкон е сместен на самиот врв на куќата. Овие, делумно покриени зони се креирани со намера да ги одстранат границите помеѓу ентериерот и екстериерот.

Просторот на балконот може да се користи за ручек или забава кога времето е свежо, додека кога времето е врнежливо може да се искористи внатрешниот простор во кој што се наоѓа градината и кој ја променува секојдневната атмосфера во една “обична” куќа- прецизираат архитектите.

"КАКО ПОЈДОВЕН СЕГМЕТ ЗА ПОНАТАМОШНО ДИЗАЈНИРАЊЕ Е ПОКРИВОТ"

Импресионирачкиот покрив е појдовна точка за дизајнирање на самиот изглед на куќата. Оваа куќа е дизајнирана на три спрата. На приземјето се сместени дневниот простор со трпезарија, кујна и купатило.

Првиот спрат го завземаат спални соби, тоалет и остава, додека на последниот кат се наоѓаат балконите и мало поткровје.

Compare listings

Compare