КРЕАТИВНИ ИДЕИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СТАРИТЕ И НЕПОТРЕБНИ РАБОТИ

  • 1

Сите дома чуваме стари работи и предмети, кои веќе со години не ги користиме. Ги преместуваме од еден во друг дел во домот или во подрумите и при секое преместување си кажуваме дека наредниот пат кога ќе ни засметаат, обавезно ќе се ослободиме од нив.

Но и самите знаеме дека тоа не се случува така брзо и често и постапката на преместување се повторува до бескрај.

Понекогаш таквите стари и веќе неупотребливи работи и предмети ги чуваме бидејќи нè поврзуваат на некој начин со нашето минато и ни будат пријатни спомени, а понекогаш ги чуваме за во случај да нè ни затребаат некогаш.

"СТАРИ АЛАТИ И КЛУЧЕВИ КАКО ЗАКАЧАЛКИ"

Доколку се пронајдовте во текстот, значи доколку чувате стари предмети на кои не знаете што да им правите, а не сакате да се ослободите од нив, примерите за како нив да ги пренамените се токму за вас. Погледнете ги идеите како од нешто што со години е старо и неупотребливо можете да направите нешто ново и корисно.

Употребете ја вашата фантазија, реализирајте ги вашите идеи и украсете го вашиот дом со некој нов, односно стар детаљ.

Compare listings

Compare