КАКО ДА СОЗДАДЕТЕ РЕЛАКСИРАЧКА АТМОСФЕРА ВО ДОМОТ?

  • 1

За да постигнете релаксирачка атмосфера во домот која позитивно ќе влијае на вас и вашите сакани следете ги следните совети:

Користете нежни бои. Светло сина, кремава, нежна розова, лаванда и бледо жолта боја се добар избор за собите во домот. Бањата треба да остане со бела боја.

Купете миризливи свеќи во суптилни бои и ставете ги покрај ѕидовите во домот. Најдобра комбинација се запалени свеќи, музика за релаксирање и добра книга.

"Бојата на постелнината треба да биде нежна"

Во спалната и во дневната соба мора да има квалитетни перници кои ќе ви овозможат правилен одмор по напорниот ден и правилно држење на вратот. За да постигнете поголема атмосфера во спалната соба, бојата на постелнината треба да биде нежна. И материјалот треба да биде нежен на допир. Се препорачуваат пред сè цветни дезени на постелнина и 100 % памук.

Килимите во домот треба да се од волна и да се нежни на допир. Следете ги овие едноставни совети и ќе создадете убав дом каде ќе уживате во слободните периоди.

Compare listings

Compare