Кога сакате да постигнете баланс помеѓу силно и слабо светло доаѓа до израз интимното и романтичното. Силното осветлување во овој случај е неопходно во секојдневието, додека пригушеното, интимно светло допринесува за поубаво расположение во просторијата. Најдобро се постигнува со поставување на столни или подни ламби. Кога станува збор за главен извор на светлина во просторијата, се препорачува богат лустер чиј материјал и боја ќе биде избран во зависност од останатите елементи во просторијата.