Оваа соба треба да биде уредена по сопствен вкус. Во неа треба да преовладуваат бои кои се омилени на оние кои престојуваат во неа и бои кои релаксираат. Доколку во вашата соба преовладуваат нежно белата или кремовата боја, што е случај со повеќето дневни соби кај нас, време е да внесете мала промена, да внесете некој елемент, детаљ, украс, завеси или перничиња во друга боја, со што дневната соба ќе добие сосема нов и поинаков изглед.