ЗНАЧЕЊЕТО НА БОИТЕ ВО ДОМОТ

  • 1

Кога одлучувате каква боја да бидат предметите во вашиот дом, за да си го олесните изборот водете се според теоријата за петте елементи.

БЕЛАТА БОЈА ја симболизира цврстината, а се препорачува поради фактот што ги истакнува другите предмети и бои во просторот.

ЦРНАТА БОЈА создава импресивна атмосфера, но може да предизвика и депресивност.

СИВА – боја на компромис и рамнотежа, која создава формална атмосфера. 

СИНА БОЈА – го намалува стресот и напнатоста. Симболизира самоувереност и трајност.

 ВИОЛЕТОВА – боја која се поврзува со интроспекцијата, медитацијата и чесноста.

"ПОРТОКАЛОВА БОЈА СИМБОЛ НА ЗДРАВЈЕ, ВИТАЛНОСТ, ОПТИМИЗАМ!"

ЦРВЕНА – силна, поттикнувачка боја, која може да предизвика раздразливост и хиперактивност, ако ѝ се отстапи голем простор. 

ПОРТОКАЛОВА – симбол на здравје, виталност, ентузијазам и оптимизам. 

РОЗЕВА БОЈА – делува смирувачки, а кај припадничките на понежниот пол ќе ја поттикне нивната женственост. Ја зголемува романтиката и детската разиграност.

ЖОЛТА – симбол на сончевата енергија, се поврзува со интелектот, долговечноста и доброто расположение. Добра е за стимулирање на комуникациите, менталната енергија и бистрината на мислите.

ЗЕЛЕНА БОЈА – го поттикнува чувството на хармонија и мир. Нејзините светли нијанси симболизираат раст, потемните делуваат смирувачки.

КАФЕАВА БОЈА – има стабилизирачки ефект. Премногу кафеава боја може да предизвика чувство на умор.

Compare listings

Compare