Ефтина подна подлога во споредба со другите природни материјали е ПЛУТАТА. Како предност се јавува тоа што е топла и мека, ефтина, отпорна на нечистотија и нема потреба од стручна помош за лакирање. Недостаток е тоа што е еднолична. Освен тоа, плочките се само прилепени па може да се подигнат додека оштетените плочи од вода мора да бидат заменети.
ГУМЕНАТА подлога може да се купи на парчиња како плочки. Исклучително трајна и водоотпорна. Лесна и мека за движење. Како мана се јавува тоа што е скапа и се продава само во специјализирани продавници и мора да биде поставена од искусен мајстор.
Друг вид на поден материјал е винилот. ВИНИЛОТ е ефтина пластична маса која може да се набави на пазарот и во форма на плочки. Има голем избор на боја и примероци. Ефтин, и лесно се поставува на рамна површина, долготраен и водоотпорен, мек и тивок, не лизгачки материјал. Меѓутоа треба да се земе во предвид дека со текот на времето може да избледи, делува наметливо и на нерамна површина може да се насобере.